Friday, Mar 29, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаЛустрираниот судија Ивановски доби правда во Стразбур

Лустрираниот судија Ивановски доби правда во Стразбур

Поранешниот член на уставниот суд Трендафил Ивановски кој беше лустриран поради соработка со тајната полиција во минатиот режим ја доби правдата во Стразбур против Република Македонија и Европскиот суд за човекови права донесе пресуда во негова корист.trendafil ivanovski lustracijaВо пресудата е утврдено дека на Ивановски му се повредени правото на правично судење според член 6 и повредена му приватноста и семејниот живот, како и врз интегритетот на членовите на семејството и врз достоинство честа и угледот на апликантот.

Одлуките во „Стразбур“ се носат врз основа на Европската конвенција за човекови права која ратификувана во Македонија и е дел од нашето законодавство. Инаку Трендафил Ивановски добил и парична оштета од околу 5 илјади евра, но тој вели дека важно е што конечно правдата и вистината излегле на површина по повеќе од 5 години борба.

Извор: nova.tv