Friday, Mar 29, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаЛустрацијата создаде нови жртви, прекршени се човековите права

Лустрацијата создаде нови жртви, прекршени се човековите права

Наместо преку лустрацијата да се дојде до рахабилитација на жртвите, со процесот се создадоа нови жртви. Лустрираните. На ова предупредија учесниците на денешната трибина на која се говореше за заштита на човековите права при лустрацијата – пренесе Телма. Како жртва на процесот на лустрација се чувствува и поранешниот претседател на уставниот суд Трендафил Ивановски. Тој неодамна доби пресуда од судот во Стразбур кој потврди дека при неговата лустрација му се нарушени честа, угледот и приватноста.

Токму ваквите тврдења укажуваат дека лустрацијата во земјава се престори во пресметка на власта со неистомислениците велат професорите присутни на трибината. Инаку лустрацијата беше мета за критика и во извештајот на Прибе во кој се бараше да се ревидираат одлуките на комисијата и да се повлече законот за лустрација по што тој престана да важи. Во меѓувреме многу од лустрираните веќе ја тужат државата во Стразбур.