Thursday, May 25, 2017
HomeАНТИСТРЕСЕкимЛушпата од банана ги елиминира тешките метали од водата

Лушпата од банана ги елиминира тешките метали од водата

Бразилските научници открија нешто многу интересно за лушпата од банана. Обичната лушпа од банана може да биде одлична замена за традиционалните средства за прочистување од водата, заклучија научниците од од бразилскиот Институт за бионауки.

Според нив, делот од ова јужно овошје кој не се јаде, за помалку од еден час апсорбира дури 97 отсто од бакарот и оловото од загадените речни води, а една лушпа од банана може да се употребува и до 11 пати.

Бразилските истражувачи тврдат дека лушпата од банана може да ги прочистува отпадните води подобро и од традиционалните средства за таа намена – алуминиум оксидот, целулозате или силициумовиот диоксид, кои можат да имаат токсични нус појави.

Предноста на лушпата од бананата е и во цената која е повеќекратно пониска од сумата што треба да се издвои за вообичаените прочистувачи на вода. Експертите уште претходно дојдоа до сознанија дека и влакната на кокосовиот орев и лушпата од кикириките на сличен начин може да елиминираат потенцијални токсини од водата.