Friday, Mar 29, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаЉупчо Палевски – Палчо преспа во полиција

Љупчо Палевски – Палчо преспа во полиција

Скопскиот бизнисмен Љупчо Палевски – Палчо, кој вчера беше приведен на барање на Специјалното јавно обвинителство, е задржан и сè уште се наоѓа во полициска станица, потврдуваат за „Мета“ извори од истрагата.

Од СЈО за „Мета“ потврдија дека синоќа едно лице е приведено и задржано во полициска станица на барање на нивен обвинител, во рамките на предистражна постапка, но повеќе детали за случајот не откриваат.

Засега официјално не е познато за што се товари Палевски. Се шпекулира дека Палевски е приведен поради тоа што на „Јутјуб“ објавил прислушувани приватни разговори на јавни личности, меѓу кои новинари и бизнисмени.

Уредникот на телевизија „Сител“, Драган Павловиќ – Латас во СЈО пријави вакви злоупотреби, а на профилот Палевски се појавија и снимки од бизнисменот Јордан Камчев.