Friday, Apr 19, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаЉупчо Палевски – Палчо нападнат со шипки, нанесени тешки повреди

Љупчо Палевски – Палчо нападнат со шипки, нанесени тешки повреди

Љупчо Палевски – Палчо според информации на политичкото движење Трета на кое тој е предводник, денес бил нападнат со шипка и боксорачи.

Дел од медиумите пренесуваат дека е во тешка состојба и поради тежината на повредите бил префрлен итно во една приватна болница.

Според други пак, тој е во стабилна состојба. Нападот го извршиле двајца напаѓачи облечени во црно и со кациги кои дошле со мотор и го пресретнале контроверзниот Палчо пред домот на пат кон неговата викендичка.

Тој неодамна се врати во Македонија откако беше во притвор во Белград по потерница од Хрватска.

Инаку Љупчо Палевски е поранешен активист на СДСМ, бизнисмен со недвижности и угостителство, а во последните години формираше сопствена политичка опција која се спротистави на референдумот и промената на уставното име.