Thursday, Apr 18, 2024
HomeДЕНЕШНАСветЛуксенбург бара Унгарија да се исфрли од ЕУ

Луксенбург бара Унгарија да се исфрли од ЕУ

Унгарија треба да биде исклучена од Европската Унија, смета луксембуршкиот министер на надворешни работи и европски прашања, Жан Аселборн, пренесува ДПА.

– 3емјите како Унгарија, кои креваат огради заради бегалците од некоја војна, или оние, коишто ја нарушуваат слободата на говорот и независноста на судството, треба привремено, а некаде и засекогаш да бидат исклучени од ЕУ. Тоа е единствениот начин да се сочуваат единството и вредностите на Унијата, изјави Аселборн во интервју за денешен „Велт”.

На 2 октомври во Унгарија ќе има референдум, на којшто граѓаните ќе треба да одговорат на прашањето – дали ги прифаќаат квотите за прераспределување на мигрантите во државите членки на ЕУ.

Аселборн ја даде изјавата неколку дена пред унгарскиот премиер Виктор Орбан да се сретне со лидерите на другите земји од Унијата, коешто е закажано за в петок во Братислава.