Thursday, Apr 25, 2024
HomeФЕР ПЛЕЈФудбалЛукаку дефинитивно го напушта Евертон: Сакам да освојувам трофеи

Лукаку дефинитивно го напушта Евертон: Сакам да освојувам трофеи

Напаѓачот на Евертон Ромелу Лукаку даде до знаење дека сака да си замине од клубот и порача дека е вистинско време за него да почне да освојува трофеи. Лукаку во период од три сезони играње за „карамелите“ постигна 61 погодок, но после уште една година помината без освоен трофеј, јасно и даде до знаење на управата на клубот дека е незадоволен во Евертон, иако новиот сопственик најави големи вложувања.

„Дојдов до период во кој морам да направам вистински избор за продолжување на кариерата. Имаме нов инвеститор во Евертон и од пристојност ќе го слушнам што има да соопшти, но во мојата глава е веќе се одлучено. Сакам да освојувам трофеи. Имав добра сезона, но време е да изградам репутација, затоа играм фудбал. Го добив тој победнички менталитет уште од времето кога бев член на Челси“, изјави Лукаку.