Friday, Mar 29, 2024
HomeАНТИСТРЕСЛујза Хеј -Начини како да се сакате себе и да бидете среќни

Лујза Хеј -Начини како да се сакате себе и да бидете среќни

Љубовта кон себе е вистинскиот начин да бидеме среќни. Ви пренесуваме неколку ставови , препораки и мисли на најпознатиот ,,животен тренер” во светот Лујза Хеј

Престанете со критики-Критикувањето не менува ништо, одбијте ги критиките. Доколку размислувате за критики вашите промени ќе бидат негативни, доколку се охрабрувате себе, ќе одите кон подобро

Простете си себе: Оставете го минатото да оди по својот пат. Во тоа време  сте правеле најдобро што знаете. Сега ќе живеете поинаку

Не плашете се!- Престанете да го тероризирате својот мозок со сопствените мисли.Пронајдете ментална слика која ви буди задоволство. Заменете ги застрашувачките мисли со позитивни.

Бидете љубезни со својот ум -Кога се мразите себе, всушност ги мразите своите мисли. Нежно преобразете ги мислите