Tuesday, Apr 23, 2024
HomeДЕНЕШНАСветЛуда терапија во Баку – здравствен центар нуди капење во нафта

Луда терапија во Баку – здравствен центар нуди капење во нафта

Чудната страна на уште почудните работи понекогаш знае да доведе до позитивни критики. Еден здавствен центар во Баку, Азербејџан нуди терапија со капење во нафта, а клиентите кои го испробале овој третман се полни со пофалби.

Австралиецот Себ изјавил дека текстурата на нафтата е слична како кај течното чоколадо и дека е пријатно и не мириса лошо. Доктор Хашим Хашимов го потенцираше значењето и лековитоста на овој третман кој може да излекува седумдесетина различни заболувања. „Нафтата убива се – вируси , бактерии, габички . Нејзината густина е уникатна и не содржи никаква  нечистотија.“

За волја на вистината, пак, критичарите се спротивставуваат на овој став, потенцирајќи дека нафтата е канцерогена, со што луѓето што го користат овој третман се изложени на опасност.