Wednesday, Apr 24, 2024
HomeДЕНЕШНАЕкономијаЛуд архитектонски подвиг – Кула во Токио висока 1600 метри

Луд архитектонски подвиг – Кула во Токио висока 1600 метри

Јапонските архитекти и инженери планираат да ја изградат највисоката кула во светот која ќе достигне неверојатни 1600 метри и со тоа ќе биде двојно повисока од рекордот на Бурџ Калифа кулата во Дубаи која е висока 828 метри.

tokio kula1Околу кулата во Токио ќе се подготви целосна футуристичка инфраструктура со самостојно производство на електрична енергија со соларни и ветерни панел, а во овој комплекс ќе треба да живеат 55 илјади лица.

tokiot kulaПроблемот со силните ветрови на оваа драстична височина ќе се решава со празни слотови во самата кула низ кои ќе проагаат струењата. Околу зградата ќе има шестаголни платформи за заштита од цунами и силни поплави, но преку нив ќе може да проаѓаат бродовите. Изградбата на „Sky Mile Tower“ предводена од KPF и LERA ќе трае до 2045.