Tuesday, Apr 16, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаЉубе Бошковски на распит во СЈО, чека превземање на „Ровер“

Љубе Бошковски на распит во СЈО, чека превземање на „Ровер“

Поранешниот минситер за внатрешни работи Љубе Бошковски е повикан на распит во Специјалното јавно обвинителство, но конкретно за што ќе сведочи не е познато. Претходно неговиот адвокат побара Катица Јанева да го превзеде случајот „Ровер“ бидејќи наводно имаат транскрипти од висок полициски функционер кој правел завера за негово апсење и обвинение.

Бошковски е обвинет за нарачка и прикривање на убиството на Марјан Тушевски и Киро Јанев, а досега два пати случајот беше вратен од Апелација поради пропусти во постапката. За случајот „Кампања“ во која беше осуден за изборни нереагуларности веќе му истекува петгодишната затворска казна и наскоро треба да биде ослободен.