Лозарите добија гарантирани цени за квалитетните вински сорти
Винариите и производители на грозје под покровителство на Министерството за земјдолество ги договорија откупни цени на винската сорта Вранец за 13 денари за килограм, како и 0.68 денари по шеќерна единица, цена која ќе се користи кога производителите на грозје ќе предадат грозје со повисока или пониска вредност од 19 шеќерни единици.
Сортата Смедеревка со 17 шеќерни единици ќе биде откупувана за 11 денари за килограми и 0,64 денари по шеќерна единица. Исплатата на откупеното винско грозје ќе биде во законски утврдениот рок согласно Законот за виното.