Wednesday, Apr 24, 2024
HomeДЕНЕШНАСветЛовци кукавици убија лав симбол на Зимбавбе

Ловци кукавици убија лав симбол на Зимбавбе

Ловот во Зимбавме е дозволен во одредени зони со јасно изразени правила, но очигледно ловците кукавици кои нелегално убиваат животни се подготвени на се, дури и на убиство на Сесил, омилениот лав во националниот парк Хванге.

lions1

Според првичната истрага 13-годишниот лав Сесил бил намамен надвор од зоната на националниот парк со мрша и потоа бил застрелан од непознат ловец, но не бил веднаш усмртен. Лавот два дена бил следен преку GPS локаторот како се мачи со повредата по што бил застрелан од милост.

Подмолниот ловец најверојатно платил околу 50 илјади долари на Ловното друштво на Зимбавбе, од каде се уапсени двајца членови но, по него се уште се трага. Од Ловното друштво на Зимбавбе изјавија дека нивните членови мора да ја почитуваат ловната етика и секој кој ќе ги наруши правилата ќе биде отстранет. Посетителите на паркот Хванге се бесни и бараат истрага за пронаоѓање и казнување на нелегалниот ловец.