HomeДЕНЕШНАРепубликаЛов на буре виски во Скопје по повод 150-годишнината на „Џек Даниелс“

Лов на буре виски во Скопје по повод 150-годишнината на „Џек Даниелс“

Македонија на 22 септември ќе се приклучи на прославата на 150-годишнината на најстарата регистрирана дестилерија во САД „Џек Даниелс“, приредувајќи потрага и лов на буре виски во Скопје.

Познатиот “Barrel Hunt“ почна во јули во родниот град и седиште на Џек Даниелс Линчбург, а Македонија ќе се приклучи овој месец, кога ќе се придружат и други земји и градови. За време на глобалниот лов, 150 рачно изработени буриња за виски ќе бидат скриени на историски и културни точки во различни светски региони, а едната од нив ќе биде во Скопје.

Како што информираат организаторите, македонската Фејсбук страница на „Џек Даниелс“ ќе им помогне на фановите да ја откријат тајната локација. Трагите, односно водилките, што се поврзани со историјата на градот, ќе бидат споделени на денот на лов на 22 септември, а бурето ќе биде отворено кога првата личност ќе пристигне на локацијата и ќе ја каже точната лозинка.

Покрај уникатен, специјално дизајниран сет опрема за бар, победникот ќе освои и патување за двајца во Софија, Бугарија, што ќе вклучува превоз, сместување во хотел и билети за рок-концерт.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com