Thursday, Apr 18, 2024
HomeАНТИСТРЕСХороскопЛошите страни на хороскопските знаци

Лошите страни на хороскопските знаци

Само да ве потсетиме дека хороскопот ги истакнува вашите лоши страни. Кој е злобен, арогантен и вечно ги потценува луѓето, а кој опсесивен, нападен и невротичен?

Овен – злобни гадови, секогаш мораат да бидат шефови и главни во сè. Сето тоа е најверојатно резултат на малиот пенис, или минијатурните гради. Болни посесивци кои на партнерот би му ја одземале целата слобода, а себе би си дозволиле харем љубовници. Секогаш целат кон неосвоиви тврдини и не познаваат пораз сè додека комплетно психички не бидат уништени. Многу се несредени во мозокот, скокаат за сè и сешто и се што ќе замислат мора да биде така, не тактизираат, а ги нервира чекање.
Истакнат Овен: Адолф Хитлер

Бик – самозадоволни, ќутливи, полни себе, здодевни како клуб на филателисти. Ним сè им е супер и немојте да ги мачите со вашите проблеми затоа што тие немаат сопствени.
Истакнати Бикови: Јосип Броз Тито и Садам Хусеин

Близнаци – главни оговарачи, трачари, издаици и превртливци со двојни мислења кои се менуваат на секои 10-15 минути. Веројатно и самиот Јуда бил Близнак во хороскоп.
Истакнат Близнак: Џон Кенеди

Рак – посесивни лудаци, се навредуваат ако не сте им посакале „добро утро“ со правилна интонација, го менуваат расположението како ќе им падне на памет.
Истакнат Рак: Џорџ Буш

Лав – арогантни, вечно потценуваат, полни со големи планови од каде на крајот корист ќе извлечат само за себе – не им е гајле за другите.
Истакнат Лав: Слободан Милошевиќ

Девица – опсесивни невротици кои се ослободуваат од стресот чистејќи по дома, средувајќи алишта, или кинески порцелан – премногу цепидлачат и ништо не им е доволно. Не познаваат љубов, кај нив не постојат емоции и сè води кон секс. Ако некој знак се смета за проститутка – тогаш тоа е овој.
Истакната Девица: Мајкл Џексон
nervozaВага – нарцисоидни шизофреници, огледалото им е најдобар пријател. Потребна им е цела недела да се одлучат дали ќе нарачаат Кока-Кола или Пепси, толку се мрзливи – вистинско чудо е како воопшто стануваат од кревет. Знаат да сакаат само ако сте финансиски истакнати. Зборот пријател за нив не постои, колку и да им се отворите нема да добиете ни приближно еднакво за возврат затоа што тие само внимателно слушаат, а не ги отвораат своите карти. Подраги им се 1.000 убави лаги, отколку една болна вистина, затоа се најуспешни во лажењето, па дури и кога се лажат сами себе.
Истакната Вага: Владимир Путин

Скорпија – самосожалувачи и деструктивци, неможат да се поднесат самите себе, па затоа повлекуваат уште 100 луѓе со себе. Ако утре е крај на светот, тие не би се шокирале, веројатно би го дочекале со садо-мазо оргии. Смртта не им е ништо страшно, се палат на крв и сè она кое на обичните смртници им е језиво. Ги следи карактеристика на љубоморно посесивни психопати.
Истакната Скорпија: Хилари Клинтон

Стрелец – штеточини и коцкари, уживаат да солат памет, а ентузијазмот им е толку голем што за нив и оживување на мртвите е возможно – нормално само ако тие го прават тоа. Не признаваат дека го познаваат чувството на тага. Не стапувајте во брак со Стрелец никако, затоа што и кога е уверен дека ве сака, тоа ќе му помине за месец дена.
Истакнат Стрелец: Сталин

Јарец – вистински робови, веруваат потполно во судбина, зборот „извини“ не постои во нивниот речник. Можете да живеете покрај нив цел живот, да бидете во брак, а никогаш да не дознаете што имаат да ви кажат. Чувствата незнаат да ги искажат со зборови, па наместо „те сакам“ често може да ве дочека со „губи се“. Би си ја продале душата за друштвен статус.
Истакнат Јарец: Стипе Месиќ

Водолија – вулгарни и непристојни перверзњаци, секогаш се мешаат во приватниот живот на останатите. Веројатно не би ве зачудил фактот дека најмногу шпиони од ЦИА се токму Водолија во хороскоп.
Истакната Водолија: Карла Дел Понте

Риби – самосожалувачи, досадни, чекаат да дојде некој да ги утеши. Неможат ни да отидат во ве-це без туѓа помош и најмалата ситница ја гледаат како врвна сензација, па им досаѓаат на луѓето наоколу. На пауза, кога се со добра волја, се занимаваат со туѓите проблеми и повторно паѓаат во депресија – и така во круг.
Истакната Риба: Осама Бин Ладен