Tuesday, Apr 23, 2024
HomeДЕНЕШНАРепубликаЛоши услови и неплатена специјализација – младите доктори бегаат од Македонија

Лоши услови и неплатена специјализација – младите доктори бегаат од Македонија

Поради егзистенцијални причини, во изминатите неколку години од Македонија си заминале најмалку 500 млади лекари, а овој тренд постојано расте. Асоцијацијата на специјализанти и млади лекари се обрати до надлежните со писмо во кое бараат повеќе да не се деградираат како лекари и да се спречи заминувањето на лекарите во странство.

Од Асоцијацијата укажуваат на голем број проблеми во македонското здравство и бараат државата да го реши нивниот статус. Меѓудругото во писмото се вели:
“Итно намалување на цената на чинење на приватните специјализации односно укинување на плаќањето за специјализација. Без нашата волонтерска работа, на 400 актуелни приватни специјализанти во моментов, терциерното здравство во РМ ќе колабира! Ние, заедно со вработените колеги специјализанти, рамо до рамо, сме тиe на кои е паднат голем дел од секојдневните обврски и задачи кои овозможуваат функционирање на здравствениот систем, а за тоа освен што не сме платени, и плаќаме астрономски суми, во просек од 8.000-12.000 евра!
specijalizanti
Поради заминувањето од државава на многу млади доктори, здравствените институции низ Македонија се соочуваат со кадровски дефицит. Директорот на Општата болница во Дебар, Баки Алили, за Радио Слободна Европа изјави дека Здравствените институции во Дебар подолг период имаат отворени конкурси за вработување на лекари, но во Агенцијата за вработување нема невработени „бели мантили“. Како во Општата болница, така и во Здравствениот дом и здравствената установа за рехабилитација „Дебарски бањи – Цапа“ има потреба од лекари по општа пракса, но и лекари специјалисти.