Friday, Mar 29, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаЛоши прогнози: Македонија со 1.5 милиони жители до крајот на векот

Лоши прогнози: Македонија со 1.5 милиони жители до крајот на векот

Според последниот извештај на Обединетите нации за прирастот на населението во наредните стотина години Европа ќе забележи драстичен пад на популацијата и до 2100 година ќе има помалку од 680 милиони жители. Трендот на опаѓање на населението е многу присутен и на Балканот, а истото важи и за Македонија. Според проценките во 2015-та сме имале 2.1 милион жители, до 2050-та популацијата ќе се намали за околу 200 илјади, а до 2100-та ќе имаме само 1.5 милиони жители.

narod slavi

Македонија е на 29-то место според апсолутните бројки на опаѓање на популацијата со 6.8%, на врвот е Бугарија со дури 27.9%, Романија со 22.1%, Украина со 21.7%, Молдавија со 20.3 и БиХ како дел од топ 5 со пад од 19.5%. До 2100-та работно способното население во Македонија ќе изнесува само 48.9 проценти, додека пак 49.3% ќе имаат возраст за пензија со над 60 години.

najstarata evropejka

Општо во Европа стапката на плодност која одредува дали една нација има капацитет за природна замена на населението е многу мала и постојано опаѓа под две деца на една жена. Во Европа најголем раст ќе забележат Шведска и Швајцарија кои до 2100-та ќе имаат по 14.7 и 11.2 милиони жители, што добар дел се должи и на миграцијата.