HomeФЕР ПЛЕЈОстанатиЛоренцо со победа се збогуваше од Јамаха

Лоренцо со победа се збогуваше од Јамаха

107297-lorenco-se-zboguvashe-so-jamaha-so-triumf

Во последната трка од овогодишниот МОТО ГП шампионат, која се возеше на патеката во Валенсија, до победата стигна Хорхе Лоренцо. На втората позиција се пласира Марк Маркез, додека третото место го освои Андреа Јаноне. За Лоренцо воедно денешната победа беше негова последна во тимот на Јамаха, бидејќи од наредната сезона ќе вози во тимот на Дукати.

Хорхе Лоренцо, кој стартуваше од пол-позицијата до победата стигна без многу проблеми, возејќи на лидерската позиција од почеток до крај. Шампионот за оваа година Марк Маркез го освои второто место со заостанување од помалку од две секунди.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com