Wednesday, Apr 24, 2024
HomeДЕНЕШНАСветЛондон: Осум лица приведени поради подготвување на терористички напад

Лондон: Осум лица приведени поради подготвување на терористички напад

Осуммина лица се приведени по вчерашниот напад во Лондон под сомнение за подготвување на терористички напад, соопшти лондонската полиција.

Седум луѓе се уапсени во Бирминген, а еден во Лондон. Полициските операции продолжуваат во Брајтон, во источен Лондон и во Кармартаншар и во Велс. Извршени се претреси во неколку домови.

Пет лица загинаа, а 40 се повредени во вчерашниот напад во Лондон на мостот Вестминистер во реонот на Парламентот. Меѓу нив има еден полицаец, тројца цивили и напаѓачот, кој беше ликвидиран од полицијата.