HomeДЕНЕШНАСветЛондон: Доживотен затвор за убиецот на британската пратеничка

Лондон: Доживотен затвор за убиецот на британската пратеничка

399877215835a44aeb489512780079_v4_big

Британскиот десничарски екстремист Томас Мер е осуден на доживотна казна затвор, без можност да биде пуштен. Пресудата му беше изречена поради убиството на членката на британскиот парламент Џо Кокс, една недела воочи референдумот околу понатамошното членство на Велика Британија во Европската Унија.

Членовите на кривичниот суд во Лондон го осудиле 53-годишниот Мер на доживотен затвор поради „политички мотивиран“ напад во кој на 16 јуни најпрво пукал три пати во Кокс, а потоа со нож ја избодел оваа мајка на две деца на улицата во Бристол, во северна Англија, извикувајќи „Британија на прво место“. Мер се изјасни како невин, но неговите адвокати не приложиле никакви докази за негова одбрана.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com