Monday, May 29, 2017
HomeДЕНЕШНАРепубликаЛокалните жители на Табановце профитираат од маката на мигрантите

Локалните жители на Табановце профитираат од маката на мигрантите

Локалните жители од селото Табановце нашле начин како да профитираат од маката на мигрантите кои секојдневно пристигнуваат на железничката станица – пишува Телеграф.мк. Нивната екипа сведочела на сликата кога пристигнал возот преполн со мигранти, а локалните жители се растрчале по нив со колички на туркање и камп-фрижидери преполни со мраз, нудејќи им производи по неколкупати повисоки цени од нормалните.

„Ценовникот“ на овие диви продавачи изнесува: едно евро за кроасани кои во продавница чинат 25 денари, половина евро за пакување бисквити, две евра за сок од половина литар и дури три евра за кутија цигари од домашно производство.

Продавачите поттикнувачи на сивата економија им се заканиле на новинарските екипи дека ќе ги нападнат со камења и ќе им ја скршат опремата.