Thursday, Apr 18, 2024
HomeФЕР ПЛЕЈОстанатиЛОИ Рио: Фелпс со ново злато и рекорд ја заврши олимписката кариера

ЛОИ Рио: Фелпс со ново злато и рекорд ја заврши олимписката кариера

Најдобриот пливач во историјата, Мајкл Фелпс, освои ново злато со штафетата на САД во трката на 100 метри мешано и за перфектен крај на кариерата со време од 3:27.95 минути што е нов Олимписки рекорд. Втори останаа Британците со време 3:29.24 минута, а трети Австралијците – 3:29.93 мин.

Американецот вчера го освои 23 злато во кариерата, односно 28 медал од Олимписките Игри, со што потврди дека е најуспешниот олимпиец во историјата.

Трката со штафетата на САД на 4х100 мешано беше последна за големиот Мајкл Фелпс, кој сигурно долго време ќе остане ненадминлив за идните генерации.