Wednesday, Apr 24, 2024
HomeДЕНЕШНАРегионЛизгање на земјиште во Србија, 30 луѓе заробени во своите автомобили

Лизгање на земјиште во Србија, 30 луѓе заробени во своите автомобили

Поради лизгање на земјиште во Србија 10 автомобили се зарoбени, но никој не е повреден и во тек е евакуација на патниците, јави агенцијата „Танјуг“.

– Имаше лизгање на земјиште на пат во местото Перучац во близина на Бајина Башта, и притоа се заробени 10 автомобили. Луѓето не можат безбедно да излезат ако не им се помогне – изјави за „Танјуг“ шефот на Секторот за вонредни ситуации во МВР на Србија, Предраг Мариќ.

Претседателот на општината Бајина Башта, Радомир Филиповиќ, вели дека околу 30 луѓе, меѓу кои има и деца, се заробени меѓу две места каде има лизгање на земјиште на патот Перучац-Ратиште. До лизгање на земјиште дошло по поројни дождови во текот на денешниот и изминатите денови.