Thursday, Apr 18, 2024
HomeДЕНЕШНАЕкономијаЛицата со инвалидност финансиски ќе се потикнат за свој бизнис

Лицата со инвалидност финансиски ќе се потикнат за свој бизнис

Лицата со инвалидност сакаат да функционираат како и секој член на општеството и да си обезбедат приходи за нормален живот. Државата ќе креира нова програма за потикнување на самовработувањето со речиси 60 милиони денари, а право на учество ќе има секое лице со инвалидитет кои ќе имаат идеја за сопствен бизнис и отварање на нови работни места. Со програмата се предивидува да бидат опфатени околу 360 лица.

samovrabotuvanje_1

„Владата континуирано спроведува и ќе продолжи да реализира проекти чиј главен фокус ќе бидат лицата со инвалидност, а со цел нивна поуспешна интеграција во општеството и овозможување еднакви услуги за живот и работа”, рече Пешевски, вицепремиерот за економски прашања.

Од министерството за труд и социјална политика ги објаснија мерките и активностите за развој на пазарот на трудот. „Сите учесници во оваа Програма се стекнуваат со право да добијат обука за претприемништво и развој на бизнис идеја и од нив ќе бидат избрани дел за поддршка за изработка на бизнис план. Лицата ќе добијат индивидуална поддршка преку обезбедување континуирани консултантски и менторски услуги”, истакна Спасов.

Кандидатите кои ќе презентираат одржлив бизнис план, кои имаат потреба од дополнителни вработувања можат да аплицираат за грант кој ќе поддржи самовработување на основачот на компанијата и дополнително вработување на најмногу две лица. Во тој случај средствата на вкупниот грант ќе изнесуваат 494 илјади денари од кои 310 илјади денари за реализација на самовработување и отворње на бизнисот и 184 илјади денари за дополнителни две вработувања, или по 92 илјади денари по лице.

Оваа Програма ја поддржаа Бранимир Јовановски, претседател на Националниот сојуз на лица со телесен инвалидитет „Мобилност“, Васко Марков, претседател на Националниот сојуз за глуви и наглуви и Жарко Селковски, претседател на Националниот сојуз на слепи лица. За институционална гаранција на проектот ќе се погрижи и Агенцијата за вработување.