Saturday, Apr 20, 2024
HomeДЕНЕШНАРегионМакедонки и Бугарки одбележуваат „Шест села собрани во едно“

Македонки и Бугарки одбележуваат „Шест села собрани во едно“

Жени и девојки од шест погранични села од Бугарија и Македонија денеска се собраа во Делчево, како дел од манифестацијата „Шест села собрани во едно“ со која преку фолклорот и традицијата сакаат да го обединат регионот.

„Роднокрајни автори“ од Делчево е организацијата на оваа манифестација и Движењето на жените од Благоевград, е најава на прекуграничниот проект со кој аплицирале овие две здруженија на последниот повик на ИПА програмата за прекугранична соработка.

Перса Стојановска, од здружението „Роднокрајни автори“ од Делчево потенцираше дека она што ги зближува жените трансгранично, не е само културата, фолклорот, туку и она што е нивно секојдневие. Стојковска додаде и дека тие сакаат да станат пријатели, да склучат пријателства кои ќе останат вечно да живеат и на тој начин се надеваат и на трансгранични проекти.

Здравка Чимева од Движењето на жените од Благоевград, истакна дека на денешната манифестација се собраа жени од три бугарски и три македонски села, како и нивните кметови. Чимева додаде „Овде се претставнички од селата Габрово, Ѕвегор, Драмче, од Делчево, како и од Бугарија, од пограничните села Бачево, Покровник,Скребан. Ние имаме заедничките песни, заедничка традиција, носиите нѐ поврзуваат и тоа е врската меѓу Македонија и Бугарија. Целта е да научиме нешто ново од вас, ама и вие од нас“.

Рајна Самарџиева од с. Бачево, Бугарија рече дека за неколку дена, поточно на први март иматрадиција каде што се даваат мартинки на децата, на пријателите, на старите, на младите, на сите луѓе. „Ќе ја покажеме живата традиција мартинки. Јас сум седум години баба Марта и редовно подаруваме мартинки. Белата мартинка е за здравје, црвената е за топлина кон луѓето да се сакаат повеќе и на крајот би рекла, да има мир насекаде. Жените пензионерки од нашето село изработија 300 мартинки кои ќе ги подаруваме на децата, но донесовме мартинки и за во Делчево“, додаде Рајна.

Овој проектот со наслов „Шест села собрани во едно“ предвидува истражувања на теренот во пограничните зони во областа на локалните занаети. Стојановска истакна дека овој проект предвидува едно истражување на терен со кое ќе ги работат месните занаети. „Да им дадеме поддршка на занаетите кои во голем дел се во изумирање, но и да им дадеме можност за развој во насока на трансграничен етнотуризам“, додаде Стојановска.

Инаку, ова не е прво дружење на жените од Делчево и Благоевград. Тие пред неколку години на делчевскиот манастир Балаклија ги покажуваа своите кулинарски вештини, а се надеваат дека оваа манифестација ќе стане традиција секоја година да е собираат и да се дружат.