Tuesday, Apr 23, 2024
HomeРЕФЛЕКТОРЛитератураЛитературен хит за ова лето: „Сеќавање на љубовта“ од Алисон Ричман

Литературен хит за ова лето: „Сеќавање на љубовта“ од Алисон Ричман

Преку слоганот ,,Сонцето пишува нови страници” , клуб Матица по 16 пат ја организира летната кампања „Со книга на плажа“. И година читателите и членовите на Клубот, избираа и гласаа за автор и наслов на летото, а според резултатите xитот за ова лето е светски популарниот „Сеќавање на љубовта“ од Алисон Ричман. Најголем доказ за квалитетот на ова дело е номинацијата за најдобар роман во САД за 2014 година. Силна, реална приказна која ќе допре длабоко во вашите срца.

BOOK FLOWER

Летната кампања ,,Со книга на плажа” носи убави вести и за македонското литературно творештво. Прв пат во историјата на оваа кампања во најдобрите 5 романи се најде и роман на македонски автор. Станува збор за младата Верче Карафилоска со својот „Бездомник со златен часовник“, роман фикција со извонредни примеси од трилер и драма.

И за ова лето, Клубот Матица останува на традицијата „60 летни денови–60 нови наслови“