Tuesday, Jan 14, 2020
HomeАЈНШТАЈНИЈААтласЛиста на најдобрите светски градови за живеење според „Monocle“

Листа на најдобрите светски градови за живеење според „Monocle“

tokio

Според редовната анкета на британскиот тренди магазин „Монокл“ (Monocle), Токио е најдобар град за живеење, следен е Берлин, Виена, Копенхаген и Минхен, додека на списокот нема ниту еден балкански град.

Параметрите што се користени во студијата се однесуваат исклучиво на животниот стандард во градовите и мислењето на населението, напоменуваат авторите и додаваат дека главно станува збор за безбедноста, здравствениот систем, образованието, стапката на криминал, можноста за забава и квалитетот на градскиот превоз.

На списокот на најдобри градови за живеење во светот уште се најдоа и Мелбурн, Сиднеј, Кјото, Ванкувер, Хелсинки, Цирих, Мадрид, Хамбург, Лисабон, Дизелдорф, Хонг Конг. Од десетте најдобри градови за живеење пет се во Европа, а другите пет во Азија и Пацификот.