Friday, Apr 19, 2024
HomeАЈНШТАЈНИЈААтласЛиста: Во кои држави е безбедно да се пие вода од чешма

Листа: Во кои држави е безбедно да се пие вода од чешма

Добро е да се знае во кои држави слободно можеме да се напиеме вода директно од чешма a во кои не, бидејки водата не е безбедна за пиење, опоменува Дејли Меил. На мапите чијшто автор е агенцијата „Citybase apartments“ може да се види во кои сè земји не мора да размислувате за употребата на вода од чешма, а во кои би требало да бидете внимателни.

Исто така од Агенцијата ги советуваат туристите да бидат внимателни и кога ги мијат забите, и никако да не ја голтаат водата кога се бањаат во базен или пак кога се тушираат во близина на плажа.

Според оваа агенцијата безбедно е да се пие вода во следниве држави: Исланд, Норвешка, Шведска, Финска, Ирска,Британија, Холандија, Данска, Полска, Латвија, Луксембург, Германија, Чешка, Белгија, Австрија, Лихтенштајн, Швајцарија, Монако, Франција, Словенија, Португалија, Шпанија, Андора, Италија, Сан Марино, Ватикан, Македонија, Грција, Малта.

Водата не е безбедна или не е препорачливо да се пие од чешма во следниве држави: Албанија, Ерменија, Азербејџан, Белорусија, Босна, Бугарија, Хрватска, Кипар, Естонија, Грузија, Унгарија, Казахстан, Косово, Литванија, Молдавија, Црна Гора, Романија, Русија, Србија, Словенија, Турција и Украина.

Print