HomeДЕНЕШНАСветLinkedIn забранет во Русија – ги прекршиле правилата на приватност

LinkedIn забранет во Русија – ги прекршиле правилата на приватност

linkedin

Судот во Русија денеска донел одлука за забра на социјално-деловната мрежа „Линкдин“ (LinkedIn), поради кршење на законот за чување на податоците на корисниците. Градскиот суд во Москва ја одбил жалбата на компанијата на пресудата на окружниот суд, во која било наведено дека мрежата го прекршила законот кој предвидува дека податоците на државјаните на Русија мора да се чуваат исклучиво на руски сервери – јавуваат светските агенции.

Од градскиот суд во Москва соопштиле дека „Линкдин“ има право на жалба. Тужбата против популарната социјална мрежа за деловни контакти ја поднела Федералната служба за надзор на комуникациите – „Раскомнадзор“.

Интернет-страницата на „Линкдин“ и понатаму е достапна во Русија, а претставникот на „Роскомнадзор“, Вадим Ампелонски, навел дека социјалната мрежа ќе биде блокирана веднаш штом го добијат решението од судската пресуда, најверојанто следната недела.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com