Friday, Apr 19, 2024
HomeФЕР ПЛЕЈТенисЛина Ѓорческа ја освои титулата во двојки во Врњачка Бања

Лина Ѓорческа ја освои титулата во двојки во Врњачка Бања

Најдобрата македонска тенисерка Лина Ѓорческа заедно со својата партнерка Шантал Скамлова од Словачка победија во игра на двојки на фјучрсот во Врњачка Бања. Тие во финалето славеа против српските тенисерки Лазиќ и Маринковиќ со убедливи 6-4 6-0, за осми пехар во двојки оваа година за македонската тенисерка.

Ѓорческа ќе продолжи со настапите на овој турнир, но во поединечна конкуренција. Таа денес во полуфиналето ќе игра против Габриела Хорачкова од Чешка.

Во поединечна конкуренција, Ѓорческа, е рангирана како прва носителка.