HomeРЕФЛЕКТОРМузикаЛили Ален и Марк Ронсон повторно создаваат хитови!

Лили Ален и Марк Ронсон повторно создаваат хитови!

Токму како и пред десет години кога работеа на нејзиниот деби албум, Лили Ален и Марк Ронсон повторно се заедно во студиото. Обожавателите на британската ѕвезда очекуваат чуда, односно чудесни песни. Дуото соработуваше во 2006 година на албумот Alright, Still, со што беше започната долгогодишна соработка која донесе големи хитови.

Ништо не се промени ни десет години подоцна. Еден обожавател на Лили Ален објави на Твитер фотографија со која сакаше да потсети на деновите кога пејчката и композиторот и ди-џеј заедно работеа во таа 2006 година.

lili-alen-f1

Меѓутоа, овој обожавател сигурно не се надевал дека на неговиот твит ќе му врати токму Марк Ронсон и тоа со нова фотографија на која покажува дека и денес ситуацијата е сосема иста! Марк и Лили напорно работат на нејзиниот нов албум, прв од изданието „Sheezus“ од 2014 година.

lili-alen-f1

lili-a-i-mark-r-f2

„Нејзиниот глас звучи неверојатно. Песните на кои работиме се едни до најемотивните и најискрените кои некогаш ги снимила“, откри Ронсон.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com