HomeДЕНЕШНАПолитикаЛилјана Поповска ги наведе причините зошто се откажува од добитното пратеничко место

Лилјана Поповска ги наведе причините зошто се откажува од добитното пратеничко место

lilepopovska

Човек треба да ги следи своите принципи и да мисли пред сè за општото добро, од овие причини одлучив добитното четврто место на пратеничката листа да го препуштам на некој од кадрите на ДОМ, а јас да се преместам на недобитна позиција, рече денеска на прес конференција Лилјана Поповска од ДОМ.

Многу пати досега сум се откажала од функции и не сакам да предизвикувам раздор и тоа ќе го сторам и овој пат. ДОМ има одличен кадар и тој што ќе влезе во Собранието, со моја помош ќе ја продолжиме битката за демократизација на општеството. Во политиката е важен личниот пример. Никогаш не сум жалела за моите потези и сега нема да зажалам. Човек треба да ги следи своите принципи и да мисли пред сè за општото добро“, рече Поповска.

Претседателката на ДОМ беше поставена на четврта позиција во втората изборна единица, на листите на СДСМ и здружената опозиција, но поради притисокот во јавноста, таа добитното место го препушти на помладиот кадар на ДОМ.

Извор: novatv.mk

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com