HomeДЕНЕШНАСветЛиквидиран јодански писател поради антиисламска карикатура

Ликвидиран јодански писател поради антиисламска карикатура

Контроверзниот јордански писател Нахед Хатар, убиен е денеска пред судот во Аман, каде му се судеше поради објавување карикатура која се сметаше за навредли за исламот, пренесе агенцијата Петра. Писателот е убиен со три куршуми, а убиецот е фатен. Според сведоците,еден маж отворил оган на писателот пред судот во Абдали, во центарот на Аман.
nahed-hatarХристијанскиот писател уапсен беше на 13 август, откако на својата Facebook страница објави карикатура со која има се потсмева на терористите од исламска држава. На карикатурата беше претставен бог и беше напишано „Богот на Даеш“, користејќи го арапскиот назив на групата. Тој појасни дека така си го замислуваат Бог следбениците на Исламска држава, како да е само нивни бог. Тој во септември беше ослободен со кауција, а обвинителството забрани судењата да се одвиваат пред очите на јавноста. Хатар ја тргна карикатурата од социјалните мрежи откако таа предизвика огорчување.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com