Friday, Apr 19, 2024
HomeФЕР ПЛЕЈФудбалЛихштајнер си заминува на зима, замената пристигнува од Премиер лигата!

Лихштајнер си заминува на зима, замената пристигнува од Премиер лигата!

Стефан Лихштајнер од ова лето е во немилост на тренерот Максимилијано Алегри, Швајцарецот форсираше свој транфер во Интер, а подоцна не беше пријавен ниту за настапите во Лигата на шампионите. Лихштајнер ништо повеќе не може да го задржи во Јуве, пристигнаа Алвеш и Квардадо, а влезе во последната година од договорот, па би можел уште на зима да премине во Интер.

Доколку дојде до тоа, Јувентус веќе има подготвено и замена, а тоа ќе биде репрезентативецот на Италија и десниот бек на Јунајтед Матео Дармијан, кој интересно пред да замине во Јунајтед ги бранеше боите на градскиот ривал Торино. Дармиан исто така е во втор план кај Жозе Мурињо кој на позицијата десен бек го форсира Антонио Валенсија.