Friday, Mar 29, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаЛидерската средба заврши неуспешно – Беса протестираше пред Клубот на пратеници

Лидерската средба заврши неуспешно – Беса протестираше пред Клубот на пратеници

Заврши средбата на лидерите на четирите најголеми партии во Македонија што се одржа доцна попладне во Клубот на пратениците во обид да се најде решение за излез од политичката криза во земјава. По средбата што траеше повеќе од час лидерите на партиите не дадоа изјави. Најавени се информации за средбата преку соопштение. И на денешната лидерска средба како набљудувачи присуствуваа амбасадорите на САД и ЕУ, Џес Бејли и Аиво Орав.
mkd-202120
Пред почетокот на средбата пред Клубот на пратеници подмладокот на Беса организираше мини протест. Тие носеа транспаренти на албански јазик преку кои го искажаа несогласувањето на политиките кои ги застапуваат Ахмети и Тачи во преговорите, односно сметаат дека албанските прашања не се доволно застапени.

фото:Мкд.мк