HomeДЕНЕШНАПолитикаЛидерот на ВМРО ДПМНЕ и техничкиот премиер му честитаа на Трамп

Лидерот на ВМРО ДПМНЕ и техничкиот премиер му честитаа на Трамп

gruevski-emil-dimitriev-tramp

Претседателот на Владата на Република Македонија за спроведување на изборите, Емил Димитриев му ја честита победата на Доналд Трамп.

– Силно верувам дека поддршката која ви ја дадоа американските граѓани ќе ви претставува голем мотив за реализација на политиките кои ќе обезбедат економски просперитет и развој на демократијата во целиот свет. Убеден сум дека ќе демонстрирате лидерство во изградбата на подобра иднина за целото човештво, како и лидерство во промоцијата на принципите и стандардите кои ќе градат соработка и почитување помеѓу нациите, вели Димитриев во честитката.

Република Македонија и Соединетите Американски Држави, се додава во неа, се пријателски земји, кои имаат стратешко партнерство и споделуваат заеднички вредности.

– Дозволете да ја искористам оваа прилика да се заблагодарам за американската поддршка на македонските евро атлантски интеграции, и да изразам верба дека во време на Вашиот мандат Република Македонија ќе го добие заслуженото членство во НАТО алијансата, се истакнува во чсетитката од Димитриев до Трамп.

Тој во неа ја истакнувам и посветеноста и интересот на Владата на Република Македонија за дополнително унапредување и продлабочување на односите помеѓу нашите земји во секоја сфера од заеднички интерес и на билатерален и на мултилатерален план.

И лидерот на владејачката партија упати честитка до новиот американски претседател.

„Вам и на народот на САД ви ја честитам победата на претседателските избори. Принципот на почитување на волјата на народот е врв на демократијата, тоа e победа на правото на слободната волја на сите граѓани. Вашето претседателствување повлекува огромна чест и одговорност да се биде предводник во битката за градење на подобар свет, за возобновување и подобрување на општеството. Во таа насока ви посакувам многу среќа и успех.

Во овој свечен момент сакам да го истакнам задоволството од развојот на односите и соработката меѓу Република Македонија и САД и воедно да ја искажам нашата подготвеност за нивно натамошно унапредување и интензивирање во сите области од заеднички интерес.

Членството во НАТО преставува наш приоритет и темелна заложба при што особено ни е значајна поддршката од САД како наш стратешки пријател. Уверен сум дека пријателството и разбирањето во односите меѓу нашите две земји ќе продолжи да се негува и дополнително развива“ – напиша Никола Груевски во својата честитка до Доналд Трамп.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com