HomeДЕНЕШНАСветЛидерот на организацијата Ета уапсен во Франција

Лидерот на организацијата Ета уапсен во Франција

f2f8acab-302b-487c-b4bf-c0e5493c3c9d_w987_r1_s

Француската полиција го уапси лидерот на баскиската сепаратистичка организација Ета, соопшти шпанското министерство за внатрешни работи. Шпанските власти наведуваат дека Микел Ирасторс е моментално „највисокиот лидер“ на таа група, утрово бил уапсен во францускиот град Аскен, во близина на границата со Шпанија.

Ета во 2011 година соопшти дека се откажува од користењето на оружје во својата борба за независност на баскиските региони на север од Шпанија и јогозапад од Франција. Таа група се смета за виновна за смртта на повеќе од 800 лица од 1968 година па до сега. Француската полиција ја продолжува истрагата и не ја исклучува можноста за повеќе апсења.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com