HomeДЕНЕШНАРегионЛидерот на Исламската заедница во БиХ бара посебен статус за Сребреница

Лидерот на Исламската заедница во БиХ бара посебен статус за Сребреница

342677-islamskata-zaednica-bara-ukinuvanje-na-veronaukata-86544

Поглаварот на Исламска верска заедница во Босна и Херцеговина, Хусеин Кавазовиќ, по локалните избори во БиХ на кои во општината Сребреница победи српскиот кандидат Младен Грујичиќ, што Бошњаците одбиваат да го прифатат, смета дека таа општина мора да добие посебен статус во рамки на БиХ.

Лидерот на босанските муслимани во изјава за сараевскиот весник „Дневни аваз“ потврди дека е потписник на писмото со ваква идеја, кое е упатено до високи официјални претставници на ОН, Европската унија и САД, меѓу кои се и американскиот претседател Барак Обама и генералниот секретар на ОН Бан Ки-мун.

Идејата, која по локалните избори беше промовирана во јавноста, е Сребреница да биде прогласена за дистрикт како Брчко.

Кавазовиќ изјави дека Република Српска до сега кон Сребреница не покажувала ништо освен „негирање на геноцидот и понижување на нашиот народ преку различни форми на притисок и кршење на правата на Бошњаците и Хрватите“.

– Никогаш нема да се помириме со тоа. Република Српска не покажува демократски капацитети и владеење на правото со величање на воените злосторства од избраните претставници, од општините до ентитетските власти, па и до највисокот претставничко тело, Народното собрание на РС, рече Кавазовиќ.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com