Thursday, Apr 25, 2024
HomeДЕНЕШНАРегионЛидерот на ХДЗ ја доби тужбата против „Национал“ – ќе добие отштета од 9.000 евра

Лидерот на ХДЗ ја доби тужбата против „Национал“ – ќе добие отштета од 9.000 евра

Томислав Карамарко, ја доби правната битка против весникот „Национал“ која ја водеше поради објавено интервју во кое се тврди дека тој бил соработник на поранешната југословенска Управа за државна безбедност (УДБА).

Општинскиот граѓански суд на Загреб пресуди дека весникот „Национал“ треба да му исплати 70.000 куни (9.135 евра) отштета на лидерот на ХДЗ. Освен тоа, „Национал“ мора да го отстрани интервјуто во кое се изнесени ваквите тврдења од своето интернет издание. Се работи за интервју на „Национал“ со поранешниот хрватски премиер и член на ХДЗ, Јосип Манолиќ, кој го обвинува Карамарко, кој е актуелен хрватски вице-премиер, за соработка со тајните служби на поранешна СФРЈ во 80-те години на минатиот век.

Адвокатот на Карамарко, Вељко Миљаниќ најави жалба на судската пресуда, оценувајќи дека одредената отштета е „прамала“. Покрај против „Национал“, за изнесените тврдења Карамарко поднесе тужба и против Манолиќ во посебен судски процес пред Општинскиот кривичен суд, како и против професорот на загребскиот Факултет за политички науки, Анте Баришиќ, кој во друго интервју ги потврди ваквите обвинувања. По поднесената тужба против него, Манолиќ изјави дека тоа е „најдобар начин за утврдување на вистината“.