HomeДЕНЕШНАСветЛибија ќе избегне крваво сириско сценарио со нова влада и армија

Либија ќе избегне крваво сириско сценарио со нова влада и армија

На Либија не смее да и се случи сириско сценарио и да влезе во уште покрвава граѓанска војна без крај, па затоа се прават напори за постигнување примирје и поделба на власта меѓу сите инволвирани воени формации преку нова влада која ќе ги застапува сите. Актуелниот либиски премиер Фајез ал Сараџ исплашен од последиците во Сирија најави формирање на Влада на национално единство.

libija-paravojska

– Немаме друг избор освен дијалог и примирје. Ние треба да ги обединиме напорите во борбата против тероризмот. Ние повеќе пати досега повикуваме да се стори се што е неопходно за да се избегне граѓанска војна, Ал Сараџ.

libija-narod

Либија треба да формира и нова армија со обединети вооружени сили, кои ќе ги вклучуваат силите под контрола на генералот Халифа Хафтар, кој сега ги контролира клучните нафтени наоѓалишта во земјата. Ал Сараџ изјави дека наскоро ќе му достави на Парламентот во Тобрук, кој блокира какво и да е политичко решение во Либија, листа со составот на новата влада, во која ќе има избалансирано претставување на сите сили во земјата.

Францускиот претседател Франсоа Оланд изјави дека Франција нема да штеди сили за да ја поддржи владата на Либија, особено во борбата против тероризмот. Оланд додаде дека Либија нема да ја преживее судбината на Сирија.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com