Friday, Mar 29, 2024
HomeРЕФЛЕКТОРМедиумиЛибералната партија бара поголема либерализација на ТВ пазарот

Либералната партија бара поголема либерализација на ТВ пазарот

Комисијата за транспорт и комуникации на Либералната партија смета дека треба да му биде овозможено на секој ТВ субјект кој има финансии, желба и кадровска екипираност да истрча на медиумскиот пазар. Од ЛП велат дека сегашната методологијата за доделување национални ТВ концесии на медиумите е прилично рестриктивна и непазарна и остава простор за манипулации.

Televizii„Приватните медиуми се приватни компании кои својата програмска понуда ја дефинираат врз основа на понудата и побарувачката на пазарот. Државата не смее да врши селекција за тоа кој медиум ќе има поголема или помала гледаност, односно кој медиум ќе опстане, а кој нема – вели Александар Левески, претседател на Комисијата за транспорт и комуникации на ЛП.

Според Комисијата, на секој заинтересиран инвеститор треба да му биде овозможено да инвестира во бизнисот за кој смета дека може да биде профитабилен, вклучувајќи го и телевизискиот бизнис. Притоа на таквиот инвеститор треба да му биде овозможено да емитува програма за која смета дека ќе биде гледана.