Friday, Mar 29, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаЛиберална партија самостојно на априлските избори

Либерална партија самостојно на априлските избори

На априлските избори најверојатно Либералната партија ќе настапува самостојно. Венко Глигоров, претседател на комисијата за економија и финансии при Либералната партија, во Прилеп изјави дека нивната одлука е да се појават самостојно на исзбори со сопствена политичка стратегија.

– Битно ни е нашите решенија и модел за развој на Македонија да допре до поголем број на граѓани во Македонија. Каков сакаат изборен модел да направат В-Д или СДС, ние ќе се посветиме на привлекување повеќе гласачи. Граѓаните се приоритет за нас – рекол Глигоров.

Според стратегијата, Либералната партија ќе направи реорганизација на министерствата, а сите несуштински делови и активности на владините институции и тела ќе се префрлат во надлежност на бизнис и невладиниот сектор. Либералната партија најави дека ќе се посвети на активности и решенија групирани во трите стратешки теми: „Економија на прво место“, „Организирана држава“ и „Образование и млади“.

Денеска попладне, претставници од Либералната партија организираат работна средба со општинската организација во Охрид.