Thursday, Apr 18, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаЛиберална партија бара нов датум за избори

Либерална партија бара нов датум за избори

За уважување на препораките на меѓународната заедница поврзани со изборите, Либералната партија ги повикува политичките партии и лидерите-потписници на Договорот од Пржино на доследност и одговорно однесување.

„Имајќи ги предвид тековните деловнички и законски одредби, Либералната партија во денешното соопштение истакнува дека во текот на денешниот ден треба:
– да биде предложен Закон за измена на изборниот законик, со кој се брише предвидениот датум за изборите;
– да биде предложена Одлука за укинување на Одлуката за распуштање на Собранието и за таа цел,
– да биде побарано свикување итна седница за утре, 23 февруари на која ќе бидат ставени на дневен ред и усвоени предложените одлуки“.

„Имајќи ја предвид јасната определба на меѓународната заедница дека одлуката за ова треба да е резултат на одговорното однесување на партиите од власта и опозицијата, Либералната партија потсетува дека процедуралните одредби не смее да бидат запоставени и да остават маневарски простор Собранието да не се произнесе по ова формално, но клучно прашање во насока на обезбедување кредибилни, фер и демократски избори на дополнително определен датум“.