Friday, Apr 19, 2024
HomeГИГА БАЈТПЦ„LG“ го лансира најголемиот монитор на светот!

„LG“ го лансира најголемиот монитор на светот!

Доколку ви здосадија стандардните монитори за компијутери или комбинацијата на два монитори не ви одговара, компанијата „LG“ носи решение во вид најголем монитор на светот, кој официјално ќе биде претставен оваа недела. Се работи за 38-инчен исклучително широк екран “38UC99”, еден од трите нови модели 21:9.

Екранот може да прикажува видео-снимки со резолуција 4К, како и исклучително широки слики со резолуција од 3.840×1.600 пиксели.

Ekran-f3

Екранот доаѓа со два внатрешни блутут звучника, додека неговата цена изнесува 1.356 евра, а во продажба ќе се најде од следниот месец. Заедно со најголемиот монитор на светот ќе бидат претставени и два исклучително широки 34-инчни монитори, еден со рамен екран и со вградена „Google Cast“ технологија, а другиот со заоблен екран, наменет за гејмерите.