Friday, Mar 29, 2024
HomeГИГА БАЈТСмартфонLG G4 Stylus пуштен во Европа за 250 евра

LG G4 Stylus пуштен во Европа за 250 евра

LG Mobile го пушти во продажба LG G4 Stylus во повеќе европски држави по промотивна цена од околу 250 евра. Овој смартфон го има истиот дизајн како и премиум моделот LG G4, може да користи и Stylus пенкало за внес на текст и команди, но поради пониската цена има направено неколку компромиси во хардверот.

LG G4 Stylus има поголем екран од 5.7 инчи што го прави идеален за љубителите на фаблети, но има за еден степен пониска резолуција од 720 x 1280 пиксели што нема премногу да се одрази на густината на сликата. LG G4 Stylus работи со одличниот четири-јадрен Qualcomm Snapdragon 410 процесор кој нуди врвни перформанси во средната класа, а е помогнат со 2 GB RAM.

За мултимедијалните содржини имате 16 GB меморија и можност за надополнување преку microSD картичка, како и 8 мегапикселна главна и 5 мегапикселна селфи камера. Батеријата има капацитет од 3000 mAh што е сосема доволно за целодневна активна работа.

Извор: telefoni.mk