Saturday, Apr 20, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаЛевица бара да се казни самоволието на градоначалникот на Дојран

Левица бара да се казни самоволието на градоначалникот на Дојран

Партијата Левица денеска, по повод одбивањето на Градоначалникот на општина Дојран, Борче Стамов да го потпише барањето за одржување на референдум за отворањето на рударскиот комплекс во „Казандол“, порача дека е крајно време да се испратат во историја сите оние кои „неодговорно се однесуваат или слепо извршуваат партиски директиви на штета на граѓаните“.

„Заради таквото самоволие на градоначалникот на општина Дојран, граѓаните на општина Дојран не ќе можат во недела да се произнесат на локален референдум околу изградбата на рудниците во „Казандол“, кои се закана за животната средина на граѓаните од овој крај, но и пошироко!

Крајно време е да ги испратиме во историјата градоначалниците и претставниците на граѓаните кои неодговорно се однесуваат или слепо извршуваат партиски директиви на штета на граѓаните!“, велат од Левица.