Летно освежување со Нокаут на плажа Кадмо
Во организација на Горила Продукција, македонскиот бенд Нокаут ќе одржи концерт на крајот од овој месец, односно 30. јули на Kadmo Beach & Club во Охрид.
Картите се пуштени во претпродажба по промотивна цена од 200 денари и истите можат да се набават во Кадмо Бар и Kadmo Beach & Club.
За најбрзите 100 фанови кои ќе набават билети за концертот, како подарок ќе го добијат албумот „Нокаут 3“ со автограм од фронтменот на групата Никола Перевски.