Saturday, Apr 20, 2024
HomeАНТИСТРЕСПатувањеЛетна атракција: Плажа која нема море

Летна атракција: Плажа која нема море

Мислите дека за добар летен одмор ви е потребна долга плажа и распространето море или езеро? Се лажете. Оваа навидум мала и необична плажа станува вистински хит, токму поради фактот дека нема море.

playa-de-gulpiyuri

Недалеку од градот Llanes на северот од Шпанија се наоѓа магичната плажа Гулпијури, која изобилува со ситен песок, кристално чиста вода и која, верувале или не, се наоѓа покрај ливада.

Spain-Playa-de-Gulpiyuri-towards-Santander-Airport-car-hire

Плажата е долга само 40 метри, а од морето е оддалечена 100 метри. Силните бранови од Бискајскиот залив со години удирале во тој дел од крајбежјето и предизвикале настанување на брда и мали тунели, преку кои е поврзана плажата со морето.

naves

Токму поради автентичноста и затскриеноста, ова популарно место е предизвикувачко за сите туристи кои сакаат необичност во летувањата.

cudna-plaza-01