Wednesday, Apr 24, 2024
HomeДЕНЕШНАСветЛетаат оставки поради панамските документи: И шпански министер ја напушти фотељата

Летаат оставки поради панамските документи: И шпански министер ја напушти фотељата

Шпанскиот министер за индустрија, енергетика и туризам, Хозе Мануел Сориа денеска поднесе неотповиклива оставка од неговата функција поради поврзаност со офшор фирмa во Панама.
soria
Сориа изјави дека иако не правел никакви нелегални активности преку овие офшро фирми, тој си поднесува оставка за да ги спречи негативните ефекти што неговата поврзаност со офшор фирми би можела да ја има во иднина врз владата, во време кога Шпанија се соочува со предвремени парламентарни избори.

Сориа изминатава недела се најде под притисок на јавноста откако беше објавена неговата поврзаност со офшор фирмата U.K.Lines, основана од страна на панамската адвокатска фирма Mossak Fonseca.