Tuesday, Apr 23, 2024
HomeДЕНЕШНАРегионЛетаат оставки по референдумот – Министерот за финансии и лидерот на опозицијата заминаа во историјата

Летаат оставки по референдумот – Министерот за финансии и лидерот на опозицијата заминаа во историјата

Евклидис Цакалотос кој беше шеф на грчкиот тим за преговори со кредиторите денеска беше назначен за нов министер за финансии на местото на Јанис Варуфакис кој поднесе оставка. Назначувањето на Цакалотос беше објавено по крајот на средбата на лидерите на политичките партии во парламентот која траеше седум часа.

Грчкиот министер за одбрана Панос Каменос изјави дека три опозициски партии потпишале декларација за поддршка на премиерот Алексис Ципрас на преговорите за договор со кредиторите. Со тоа, Ципрас како поддршка има пет партии.
Каменос додаде дека поддршката ветува поголеми шанси на Атина за договор со европските и меѓународни кредитори.

Лидерот на главната опозициска партија во Грција, Нова демократија, поранешниот премиер Андонис Самарас, синоќа поднесе оставка од функцијата по масовното „не“ на предлозите на кредиторите на вчерашниот референдум, соопштија светските агенции. Андонис Самарас важеше за еден од двајцата креатори на проблемот со името.